Во тек е уредувањето на тротоарите на „Панче Пешев“ и пешачката зона до „Динќут“
Во тек е уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата
„Панче Пешев“ и тротоарите на улицата „Моински пат“, пешачката зона која води до излетничкото место „Динќут“. Станува збор за партерно уредување на тротоари со бекатон-плочки со реализација на останатите финансиски средства, за коe беше распишан тендер уште во јануари. Изведувач на работите е градежната фирма „Обнова“.
Пред започнувањето на изведбените работи за уредување на тротоарите во овие две улици, се работеше на уредувањето на краци од улиците: „Елена Минчева“ и „Маршал Тито“ во Миравци и на пешачката зона, уредување на тротоарите од улицата која води кон археолошкиот локалитет и туристичко-рекреативен комплекс „Вардарски Рид“.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, најави дека до крајот на годината ќе се распише тендер за партерно уредување на улиците со бекатон-плочки, во 2021 година, а реализирањето активности ќе започне во февруари-март. Исто така, гo најави во план уредувањето на Јужниот булевар и крајбрежниот простор на Сува Река како рекреативна зона за велосипедизам и пешачење