Благодарници за Општата болница и за д-р Сашко Олумчев
На денешната Cвечена седница на Советот на Општина Гевгелија,
по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија - 7 Ноември, беа доделени Благодарници на институциите и личностите кои несобично се грижеа и го штитеа здравјето на граѓаните, се бореа со пандемијата и дадоа голем придонес во ублажувањето на последиците. Благодарница и беше доделена на Јавна здравствена установа ОПШТА БОЛНИЦА со проширена дејност во Гевгелија, од самиот почеток на пандемијата, вработените во Општата болница со проширена дејност, која има богата и долга традиција, покажаа дека здравствените работници се на висина на својата задача. Подеднакво во згрижувањето и заштитата на граѓаните кои не успеаја да се спасат од опасниот вирус, но и за сите други пациенти кои имаа некаква потреба од здравствена заштита. Општата болница едноставно покажа како треба да функционира една јавна здравствена установа, беше нагласено во образложението.
Општина Гевгелија, Благодарница му додели и на д-р Сашо Олимчев, епидемиолог и раководител на Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, кој од прогласувањето на пандемијата од КОВИД-19 неуморно и несебично се грижеше за здравјето на граѓаните. И, тоа, не само преку тестирањето и следењето на епидемилошката состојба во општината. Уште повеќе, преку постојана едукација на граѓаните и превентивна активност, укажувајќи им за опасноста и сериозноста на болеста која го парализира целиот свет. Неговото ангажирање како епидемиолог и здравствен работник е добар пример за улогата и важноста на здравствените работници во услови на светска пандемија, стои во образложението на Благодарницата.
Исто така, Благодарници беа доделени и на: ОВР-Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ и Здружението на граѓани „ChangeMakers4all“ (Промени се) кои во изминатите месеци се ангажираа и дадоа свој придонес во реализацијата на мерките и активностите за заштита од пандемијата КОВИД-19, посебно околу реализацијата на мерките на Општинскиот штаб за заштита и спасување и заклучоците на Советот на Општина Гевгелија. Притоа, демонстрираа како треба да се одвива соработката, особено, во вакви состојби, меѓу локалната самоуправа со државните и јавни установи, како и невладините организации
Заблагодарувајќи се на признанието, а пред се доделениот грант од Општина Гевгелија за доградба на Дневниот КОВИД-19 центар, директор на Општата болница во Гевгелија, д-р Митко Крџев, информираше дека доградбата е веќе завршена и Дневниот центар е веќе во функција. Тоа значи дека се обезбедени од 8-10 легла за згрижување и лекување на пациентите заболени од КОВИД-19. Исто така, епидемиологот д-р Сашо Олумчев упати јавна благодарност до граѓаните на Општина Гевгелија бидејќи од нивните средства, како што рече, преку грантот што го додели Општина Гевгелија се проширени условите за лекување на пациентите, а тоа значи и зголемување на шансите за обезбедување на соодветна здравствена заштита.