Уште три дена до крајниот рок за аплицирање за финансирање програми и проекти од областа на спортот и културата за 2021 година
Уште три дена до крајниот рок, апликантите можат да поднесат пријави
за финансирање проекти и активности од областа на спортот и културата од интерес на општина Гевгелија за 2021 година.
Конкурсот за аплицирање по Прогамата за култура е во тек и трае до 13 ноември, 2020 година. На конкурсот за финансирање проекти и програми од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2021 година право на учество имаат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други физички и правни лица, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.
Пријавите за финансирање активности од областа на културата можете да ги преземете на следниов линк: Конкурс за финансирање програми од областа на културата за 2021 година.
Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака: „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2021 година“.
Конкурсот за аплицирање по Прогамата за спорт е во тек и трае до 13 ноември, 2020 година. На конкурсот имаат право да учествуваат: правни и физички лица - државјани на Република Северна Македонија.
Под правни лица се подразбираат спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
Пријавите за финансирање активности од областа на културата можете да ги преземете на следниов линк: Конкурс за финансирање програми од областа на спортот за 2021 година.
Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака: „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2021 година“.
Задолжително, пријавите за финансирање на проектите од областа на спортот и културата за 2021 година треба да се достават и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..