Поради исполнување на капацитетот и во Невропсихијатриското одделенеие, ќе се адаптира Интерното одделение за згрижување КОВИД-пациенти
Поради зголемувањето на новоевидентирани случаи на КОВИД
и исполнување на сместувачкиот капацитет со згрижување на пациентите кои имаат потреба од дневна терапија во КОВИД-центар и Невропсихијатриското одделение при Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, ќе се адаптира поголемиот дел од Интерното одделение за хоспитализирање.
- Капацитетите во Невропсихијатриско одделение со 12 легла, кое функционираше како КОВИД-болница, каде пациентите се 24 часа под постојан мониторнг и следени од лекар и медицинска сестра, се исполнети. Затоа е донесена одлука да се преадаптира дел до Интерното одделение за хоспитализирање на КОВИД-пациенти, потреба која ја наметнува континуираниот пораст на инфицирани лица. Со адаптирањето, нема да се наруши работењето на Интерното одделение, истакна директорот на Општата болница- Гевгелија, д-р Митко Крџев.
Инаку, состојбата во Гевгелија за една недела, од кумулативната дистрибуција на заболени од КОВИД-19 по Центрите за јавно здравје- Подрачни единици, бележи раст на новоевидентирани од 44,3%. Последните две недели од месеците: ноември и декември се евидентирани нови 64, а вкупно 158 активни случаи.