Градоначалникот Поцков им додели признанија на најуспешните атлетичари во „Седмоноемвриската виртуелна трка“
Денеска, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
оствари средба со најуспешните учесници на „Виртуелната трка“ организирана од АК „7 Ноември“- Гевгелија, по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија. На средбата, Градоначалникот заедно со претседателот на АК „7 Ноември“, Игор Коцевски, им ги доделија дипломите, пехарите и медалите на победниците и добитниците на второ и трето место во машка и женска категорија, на трките на 5 и 10 км.
Градоначалникот на општина Гевгелија им се заблагодари на учесниците и на АК „7 Ноември“ што ја збогатија спортската програма за Општинскиот празник во време на пандемија од КОВИД-19 и што го негуваат спортскиот дух. Исто така, им посака уште многу успеси во иднина, порачувајќи им дека секогаш ќе ја имаат поддршката од Општина Гевгелија.
Во знак на благодарност за поддршката, претседателот на АК „7 Ноември“, Коцевски додели благодарница и медали на Градоначалникот и Општина Гевгелија. Истакна дека за трката се пријавиле 118 учесника и тоа не само граѓани, љубители на атлетиката од Гевгелија, туку и од други градови во државата и странските земји.