Партерно уредување на крак од улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија
По партерното уредување на неколку краци и патеки во Гевгелија
и во населените места, партерно се уредува и кракот од улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија. Како што е веќе познато, градежните работи ги изведува градежната фирма „Обнова“, а акцијата се реализира од буџетските средства наменети за уредување на улици и краци во месец јануари.
Во оваа акција, на почетокот на ноември, партерно беа уредени тротоарите на пешачката зона која води кон археолошкиот локалитет и туристичко-рекреативниот комплекс „Вардарски Рид“ и тротоарите на улицата „Панче Пешев“ во Гевгелија.
Се уште се работи на уредувањето на тротоарите од двете страни на пешачката зона, на патот од старата Касарна до излетничкото место „Динќут“. Акцијата за уредувањето на тротоарите на двете пешачки зони кои водат до „Вардарски Рид“ и „Динќут“ има за цел да се обезбедаат соодветни и поквалитетни услови за велосипедизам и пешачење.