Во гевгелиските училишта наставата се одвива без поголеми проблеми, а скоро сите ученици располагаат со компјутери
Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, учествуваше
на денешниот онлајн-состанок на сите градоначалници со министерoт за образование и наука, Мила Царовска што ја организираше ЗЕЛС. Тема на средбата беше тековното функционирање на наставно-образовниот процес, како и планот за реформските процеси во основното и средно образование. Притоа, беа презентирани и досегашните активности околу одвивањето на наставата, согласно протоколите за физичко присуство и онлајн-настава.
Во општина Гевгелија, во сите 5 основни и едно средно училиште, со вкупно 2704 ученици, онлајн-наставата се одвива непречено, со исклучок на одредени помали технички проблеми, кои се решаваат тековно. Во основните училшта, каде што има вкупно 2007 ученици, наставата со физичко присуство ја следат 757 ученици од прво до трето одделение, како и ученициите од прво до петто одделение во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци и сите 8 подрачни училишта. Додека, преостанатите 1250 ученици наставата ја следат онлајн, како и 22 ученици во одделeнска настава.
Скоро сите ученици располагаат со компјутери за онлајн следење на наставата, а наскоро ќе бидат ообезбедени нови компјутери и за сите наставници. Поточно, 10 ученици во основните училишта немаат никакви уреди за следење на онлајн-настава, 9 ученици следат настава со физичко присуство и 1 ученик ја следи на ТВ. Додека, во СОУ„Јосиф Јосифовски“, скоро сите 697 ученици наставата ја следат онлајн. На почетокот на наставата, само 15 ученици немаа уреди и наставата ја следea со пишани материјали, но сега од страна на училиштето и за овие ученици се обезбедени компјутери. Додека оние ученици коишто имаа неисправни компјутери, училиштата извршија поправки на сопствен трошок.
- Во сите училишта во општина Гевгелија онлајн-наставата, но и со физичко присуство на учениците се одвива без поголеми проблеми. Само мал број на ученици, околу дваесеттина немаат компјутери или таблети за следење на наставата. Но, наскоро и за нив ќе бидат обезбедени компјутери. Во Општината бевме подготвени за набавка на уредите што недостасуваат, но од училиштата бевме информирани дека во тек е тендерска постапка во сите пет основни и средноучилишниот центар за набавка на компјутери за наставниот кадар, односно, за секоја паралелка поединечно. Така што дел од постојните компјутери ќе им бидат дадени на учениците кои ги немаат, вели градоначалникот Сашо Поцков, нагласувајќи дека состојбата околу одвивањето на наставата и потребите на учениците и наставниот кадар секојдневно се следи.
Што се однесува до здравствениот билтен во гевгелиските образовни институции, досега 3 одделенија во основните училишта биле во изолација заради суспектен или позитивен родител или наставник. Додека од почетокот на учебната година во основните училишта во општина Гевгелија имало 4 позитивни наставници, а во СОУ „Јосиф Јосифовски“ 2 наставника биле позитивни.