Капиталните расходи во Вкупниот и Основниот буџет ја задржуваат развојната компонента на општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија на денешната 53 седница го усвои Ребалансот
на Буџетот на Општина Гевгелија, преку кој се изврши намалување на Буџетот на Општина Гевгелија во вкупен износ од 17.994.306 денари, односно вкупно проектираниот буџет во висина од 546.886.213 денари се намали на 528.891.907 денари. Во билансот на приходи и расходи со измените и дополнувањата на Буџететот најголемо учество имаат даноците и капиталните инцестиции.
Членовите на Советот ги усвоија измените и дополнувањата на Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија за 2020, со кои се изврши усогласување на предвидените средства со ребаланост на Буџетот од Општина Гевгелија и тоа од 62.300.000 денари на 61.400.000 денари.
По однос на третата точка, со измените и дополнувањата на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на општинските патишта и улици во општина Гевгелија се изврши усогласување на средствата со Ребалансот на Буџетот, каде вкупните приходи за реализација на оваа програма се зголемуваат од 28.424.581 денар на 39.668,685 денари.
Советот на Општината ги усвои измените и дополнувањата на Финансовите планови за 2020 година за планирани приходи и расходи на Основните основни училишта, Музичкото училиште и Средноучилишниот центар, Јавните општински установи: Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија , Работнички универзитет „Кирил и Медодија“ и ДГ „Детска радост“- Гевгелија.
На седницата е донесена и одлуката за програмите за развој за 2021 година која е составен дел од Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија. Програмата се предвидени 20 развојни програми, а ги опфаќа сите поголеми проекти кои Општина Гевгелија ги реализира или ќе започне со реализација, наредниот период.
Членовите на Советот на Општина Гевгелија ги донесоа одлуките за измена и дополнување на Статутот на Општина Гевгелија за додавање нов член, со кој ќе се овозможи седниците на Советот да се одржуваат со употреба на ИТ поради моменталната ситуација со КОВИД-пандемијата и Иницијативата на Советот на Општина Гевгелија, со која се дозволува одржување на седници на Советот со употреба на ИТ и за усвојување на Иницијативата за дополнување на Деловодникот на Советот на Општина Гевгелија.
Во продолжение, Советот на Општина Гевгелија ја одржа и 54 (вонредна) седница, на која ја донесе Одлука за дополнување на Деловодникот на Советот на Општина Гевгелија.