Oнлајн-Јавна расправа за оценката на влијанието врз животната средина за проектот „Интерконективен гасовод Северна Македонија- Грција“
На 19 ноември, 2020 година, со почеток во 10:00 ч., Министерството за
животна средина и просторно планирање организира онлајн-Јавна расправа по студија за оценка на влијание врз животната средина за проектот „Интерконективен гасовод Северна Македонија-Грција“.
На јавната расправа можат да учествуваат Месните заедници низ кои поминува трасата на интерконективниот гасовод: Прдејци, Миравци и Смоквица. Исто така, на јавната расправа можат да се приклучат сите заинтересирани граѓани, стопанските фирми и невладините организации.
Јавната презентација ќе се одржи преку интернет-платформата ZOOM:
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/93440221674?pwd=OXp0WVF0Qk1HdzFyLzUrR1NEQ3NtZz09
Meeting ID: 934 4022 1674
Passcode: 502978
Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на проектот: „Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција“ е доставена од страна на инвеститорот Акционерско друштво за вршење на енергески дејности „Национални Енергетски Ресусри“ до Министерството за животна средина и просторно планирање и истата е достапна за увид на веб-страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).