Донација од Германската агенција ГИЗ за ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија
Во ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија пристигна донација која
содржи заштитна опрема против КОВИД-19, чизми и сл. Оваа поддршка со донација ја спроведува Отворениот регионален фонд на ГИЗ за модернизација на општинските услуги, како дел од Германската развојна соработка која воведе неколку мерки за поддршка за зајакнување на комуналните услуги и капацитет.
Ваква донација ќе добијат 23 Јавни комунални претпријатија од 20 општини во државата, во вредност од 40.000 евра, со посредство на АДКОМ.