Советот на Општина Гевгелија на 4 декември ќе расправа за Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2021
Советот на Општина Гевгелија, на 4 декември, 2020 година,
ќе ја одржи својата 55 седница, на која ќе го разгледува Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година и Нацрт-Програмит за уредување на градежното земјиште и изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2021 година.
Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, а членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Нацрт-Буџет на Општина Гевгелија за 2021 година,
2. Нацрт-Програма за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија за 2021 година,
3. Нацрт-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија за 2021 година,
4. Предлог-Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2021 година,
5. Предлог-Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња,
6. Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01 - 30.09.2020г., со посебен осврт на периодот 01.07 - 30.09.2020 година.
7. Информација за хортикултурното уредување во општина Гевгелија,
8. Информација за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија.