Јавен повик за учество во волонтерска акција на ОГ за помагање на КОВИД-лицата во изолација
Општина Гевгелија упатува повик до граѓаните на општина Гевгелија
и Невладините огранизации да се приклучат во волонтерската акција на Општина Гевгелија за помагање во купување и достава на намирници, лекови и средства на лицата и семејствата во изолација од општина Гевгелија.
Сите граѓани и Невладини организации кои сакаат да се приклучат на акцијата, да се пријават на бројот 078/690-648 или на meil-адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 3 декември, 2020 година. Во соработка со Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија, ќе бидат мапирани семејствата и лицата во самоизолација, а истите ќе можат да побараат помош на 078/690-648. Oд пријавените волонтери, Општината ќе формира тимови за поддршка кои ќе започнат да им помагаат на КОВИД-лицата од 5 декември.
Волонтерската акција ќе се реализира под мотото „Поддршка на КОВИД-заболените“ и има за цел да ја развие свеста за хуманост и солидарност во време на пандемија.