Реализирана првата онлајн-средба помеѓу учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и СУГС „Арсени Јовков“- Скопје како училишта-партнери
Учениците од : СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и
СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје ја реализираа првата онлајн-средба како партнери во рамките на проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во училиштето.
На првата онлајн-средба, училиштата-партнери споделија презентации со потребните информации на теми од екологија и еколошка свест како и бонтон на интернет и изложуваа свои мислења за потребите кои ги наметнува новото време, на сè почести примери за повреди на природата. Исто така, посочуваа воведни објаснувања за поимите биоетика и екологија, а потоа и детални презентации за нерационално искористување на природни ресурси, рециклирање и загаден воздух.
Разменија мислења за спречување на загадувањата предизвикани од човечки фактор, како и предлози за соодветни мерки за нивно надминување. Учениците покажаа креативни решенија, согласност за потребата од подигање на свеста за зачувување на природната основа и менување на навиките. Дискусиите за промените кои може да ги направи младата генерација продолжуваат и утре, а одговорен наставник од СОУ „Јосигф Јосифовски“ е Снежана Арџанлиева Танева.