Одржан вебинарот на тема „Дневните центри како услуги за поддршка на семејството и услуги кои се базирани во заедницата“
На покана од ЗЕЛС, Општина Гевгелија учествуваше
на првиот вебинар на интернет-платформата ZOOM, на тема „Дневните центри како услуги за поддршка на семејството и услуги кои се базирани во заедницата“, чиј домаќин беше Заедницата на косовски општини (АКМ). Целта на вебинарот беше да се зајакнат знаењата за:
- Основните принципи и клучните карактеристики на дневните услуги како алатка за обезбедување социјални услуги на ранливите групи;
- Улогата на локалните самоуправи во планирањето и обезбедувањето на дневни услуги;
- Позитивни примери на Дневни центри од регионот.
Вториот вебинар ќе биде одржан на 10 декември, на тема „Подигнување на свеста за човековите права, недискриминација и вклучување на локално ниво“, чиј домаќин ќе биде Постојаната конференција на градови и општини (STCM) ќе обезбеди можности за учење за:
- Зошто е неопходно локалните власти да преземаат активности за подигнување на свеста на ранливите групи во нивната заедница?
- Општиот концепт за планирање, развој и спроведување на активности за подигнување на свеста фокусирани на антидискриминација и социјална инклузија;
- Најдобра практика за подигнување на свеста за социјалните права на ранливите групи.
Вебинарите претставуваат дел од активностите на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“ што го имплементира НАЛАС во соработка со ЗЕЛС и здруженијата на локалните власти од Западен Балкан, а со поддршка на регионалниот проект „Социјални права за ранливи групи“. Регионалниот проект го спроведува Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Федералното министерство за економска соработка и развој (BMZ).