Најголем број од активните корисници на социјални услуги се корисниците на паричен надоместок за помош и нега од друго лице
На последната седница на Советот на
Општина Гевгелија, директорот на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Васка Илиева, даде информација за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија. Информацијата содржи податоци за бројот на активни корисници на права согласно Закон во ЈУ МЦСР- Гевгелија за 2020 година, со посебен акцент на најзагрозните ранливи групи.
Според извештајот, корисници на ГМП се 215 домаќинства, 1008 се корисници на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, 10 до 12 лица месечно го користат правото на еднократна парична помош, корисници на додаток за слепило- 61 лице, додаток за мобилност- 57 корисника, додаток за мобилност- 57, додаток за глувост- 54, парична помош за студирање- 3, право на здравствена заштита- 87, паричен надоместок за енергетска сиромаштија- 295, паричен надоместок за мајка која родила четврто дете- 4, гарантиран детски додаток- 97, образовен додаток- 94, посебен додаток- 99, родителски додаток за трето дете- 279, еднократна парична помош за новороденче- 15 барања месечно, Народна кујна- 25, социјална сигурност за стари лица над 65 години- 84 корисника. Во Дневниот центар за деца со посебни потреби се згрижени 17 деца.