ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија одржува 78.860 метри квадратни зелени површини
Хортикултурното уредување во општина Гевгелија е редовно,
заклучи Советот на Општина Гевгелија на 55 седница. Според податоците, службите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ги одржуваат јавните паркови, чија површина изнесува 35.180 м2 и зелените површини околу станбените згради, чија површина изнесува 43.680 м2. Покрај одржувањето на зелените површини во градот, ЈПКД „Комуналец“ се грижи и за зелените површини и во населените места.
Директорот на „Комуналец“- Гевгелија, Златко Зумров, информираше дека за одржување на парковите, зелените површини и садењето цвеќе редовно се врши набавка на потребните средства и материјали. Покрај одржувањето на зелените површини, Претпријатието ја одржува и урбаната опрема во градот и околните населени места.
Исто така, Зумров информираше дека претпријатието има сопствено производство на расаден материјал за сезонско цвеќе, зимзелени растенија и сл. Се произведуваат 20.000 садници за пролетно цвеќе и 12.000 садници за зимско цвеќе. Освен тоа, редовно се одржуваат парковите, јавното зеленило и урбаната опрема.