На 56 седница, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа за Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година
Советот на Општина Гевгелија, на 25 декември, 2020 година,
ќе ја одржи својата 56 седница, на која ќе расправа за Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година. Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, а членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
- Предлог-Буџет на Општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Одлука за донесување на Буџетски календар за планирање и донесување на Буџетот на Општина Гевгелија,
- Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници вработени во Општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог- Програма за дезинфекција, дезинсекција, дератизација во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2021 година,
- Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ- Гевгелија) за 2021 година,
- Предлог-Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за активностите во областа на социјалната заштита во Општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог- Програма во областа на еднаквите можности на жените и мажите во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Одлука за обезбедени средства во Буџетот на Општина Гевгелија наменети за надоместок за експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење за 2021 година,
- Предлог-Одлука за учество на Општина Гевгелија во проект: „Збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион“, потпроект: „Доозградба на локален пат до с. Ума- одвојување од Регионалниот пат P112, Гевгелија- Смрдлива Вода“,
- Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Гевгелија,
- Предлог-Програма со Предлог-Програмски буџет на Локалната комисија за борба против нелегална трговија со луѓе и илегалната миграција во општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Климен Охридски“- Миравци за 2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во 2021 година.