Медицинска опрема и уреди во вредност од 25.000 евра за Општа болница и Центарот за јавно здравје- Гевгелија
Во текот на пандемијата од КОВИД-19, гевгелиските фирми и институции
од општина Гевгелија и соседните општини неколку пати ја покажаа својата општествена одговорност, самоиницијативно или во соработка со Општина Гевгелија реализирајќи хуманитарни акции за ублажување на последиците од кризата во гевгелиското подрачје. Со последната хуманитарна акција што ја организираше фирмата „Жито Пром“ од Гевгелија заедно со повеќе фирми од Општина Гевгелија и од општините Богданци и Дојран, обезбедени се медицинска опрема и уреди во вредност од 25.000 евра за Општата болница и Центарот за јавно здравје-Гевгелија.
Во хуманитарната акција учествуваа: „ЖИТО ПРОМ“, АМД „Дичо Панов“, „Конти Хидропласт“, „Џиви Доо”, ПЗУ „Дентиција”, „Итек Системи“, Здружение на возачи – Гевгелија, „Пет нет“, „Мем – Вочар“, Текстилна корпорација, „Штампа“, „Нар комерц“, „Дизел Ка-Ле“, „Марина Љупчо“, „Армор“, „Моделс Кокочев“, „Колвеко“, „Југостил“, „Дојран Стил“, Општина Богданци, Општина Дојран и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.
Исто така, од нив во минатите акции на Општина Гевгелија учествуваа и со донација на пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства за семејствата од социјално-ранливите категории.