Новогодишна атмосфера во центарот на Гевгелија
Заврши новогодишното украсување на плоштадот
во Гевгелија. Долж градскиот плоштад, поставени се ламбички во разни бои, симболирајќи го ѕвезденото небо. Канделабрите се украсени со светлечки новогодишни форми, а на почетокот и крајот од плоштадот издигнати се две елки. Украсувањето на просторот околу централното подрачје на градот го изврши ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во соработка со Општина Гевгелија.
Поради КОВИД-пандемијата, оваа година, Општина Гевгелија се реши за поскромна варијанта на украсување, односно од Општинскиот буџет се издвоија 230.000 денари, сепак, да се почувствува претпразничната атмосфера. Заштедените 800.000 денари остануваат во Општинскиот буџет, а ќе бидат ставени на ставката наменета за елементарни непогоди, од каде што се донираа средства за доградба на Дневниот КОВИД- центар во Гевгелија, како и другите трошоци што ги наметнува пандемијата. Исто така, дел од средствата ќе бидат наменети за капитални расходи, пред се, за реконструкција на одделни улици во градот и во населените места, нагласи