Патронен празник на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија
ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, денеска,
го прославува својот Патронен празник- 99 години од раѓањето на гевгелискиот херој, Васо Карајанов, по кого музичкото училиште во Гевгелија го носи името.
- Поради пандемијата од КОВИД-19, оваа година, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија ќе го одбележи Патронот на училиштето со скратена програма. Нашите ученици ќе положат пред Спомен- бистата на Карајанов на плоштадот во Гевгелија, во 10 часот, а на социјалните мрежи ќе биде споделен видео-прилог, програма во која учествуваат четири ученика од училиштето претставувајќи се со композиции.
Пандемијата ни наложи ова полугодие да реализираме концерт или јавен час онлаjн, без физичко присуство на публика. Затоа се определивме на малку поинаков начин преку нашиот YouTube-канал да го презентираме успехот на нашите ученици кои вредно и посветено музицираат, истакна директорот на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, Сузана Стефанова.