Во 2021 приоритет на патната инфраструктура
Приоритет во Општина Гевгелија, во годината што веќе настапи,
ќе биде даден на патната инфраструктура, пред се, на изградбата на нови локални патишта и улици. Тоа беше нагласено и при донесувањето на Буџетот на Општина Гевгелија во 2021 година, каде што значаен дел од средствата во Програмата за изградба на локални патишта и улици беа наменети за оваа намена. Пред се, за пробивање и продолжување на Западниот булевар со изградбата на улицата „Свети Климент Охридски“. Со изградбата на оваа сообраќајница која ќе ги поврзува буеварот „Гевгелија“ со Моински пат кај Динќут, ќе се обезбеди пренасочување на товарниот сообраќај од центарот на градот.
- Имаме комплетна урбанистичка документација, експропријацијата е завршена, а претстои тендерска постапка на почетокот од ходината, најавува градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо поцков. Покрај оваа сообраќајница, претстои изградба и на улицата „Александар Бел“ во Мрзенци, за која по поништениот тендер и доработката на основниот проект, се создадени сите услови за реализација. Од општински средства е предвидена изградба на улична мрежа во станбената населба „Караорман“, каде што веќе за изградена целосна комунална инфраструктура. Годинава, треба да биде финиширана и сообраќајната инфраструктура кај Милци.
На почетокот од годината ќе биде распишан тендер за за реализација на проектот „Градскиот урбан сквер“ кој ќе биде уреден на старото пазариште. Врз основа на изработеното идејно решение беше изработен основен проект за хортикултурно и поартнерно уредување на локацијата на старото пазариште. Со реализацијата на овој проект Гевгелија конечно ќе добие урбан градски сквер. Сите овие зафати ќе бидат финансирани од општински средства, додека од доделениот грант од 900.000 евра преку Министерството за транспорт и врски наредната година, во првата фаза, предвидена е изградба на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Мрзенци. Додека пак последната делница од патот за Ума ќе се гради со средства од Бирото за регионален развој, имајќи предвид дека проектот на Советот на ЈИПР за туристички развој на редионот, во која е предвидена и изградбата на овој пат, беше утврден за прв на листата за реализација од Програмата за регионален развој за 2021 година.