Бесплатен скрининг на дојки во Општа болница со проширена дејност- Гевгелија
Започнува бесплатен скриниг на дојка
во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија за женската популација од општина Гевгелија и соседните општини Богданци и Дојран.
- Во проектот е предвиден бесплатен скрининг со мамограф и ехо на дојки, апарати кои веќе ги поседува Болницата, а ќе се изведува во Одделот за рентгенологија во Општата болница Гевгелија, најнапред секој викенд, а потоа и во попладневните часови во некои работни денови. Со истиот, во првиот бран се очекува да бидат опфатени околу 400 жени од : Гевгелија, Богданци, Дојран и Миравци, истакна директорот на Општа болница- Гевгелија, д-р Митко Крџев.
Бесплатниот скрининг се реализира во рамките на Меѓународниот проект „Health info“, со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската Унија за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија, а ги опфаќа градовите: Гевгелија, Битола, Солун и Воден и планирано е да трае две години.