Градоначалникот Сашо Поцков го посети првиот жител во општина Гевгелија годинава
На 8 јануари 2021 година во Општата болница со проширена дејност
во Гевгелија, се роди првото машко дете, кое е првиот жител на општина Гевгелија во 2021 година. Среќните родители Ивана и Томчо Чабулеви од Гевгелија на почетокот од новата година и се радуваат на оваа трета рожба. Новороденчето при раѓањето било тешко 3650 грама и долго 52 сантиметри, а заедно со мајката се чувствуваат добро.
Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, по традиција, денес го посети новороденчето и неговата мајка во Општата болница во Гевгелија. Притоа, на среќните родители им упати честитки, како и желби за добро здравје на новороденчето и неговото семејство. Се гордееме со нашиот нов жител на општината и се надеваме дека годината ќе ни биде здрава, плодна и успешна. Наша првенствена задача е здравјето на граѓаните и се надеваме дека во 2021 година ќе се справиме со пандемијата од Ковид 19. Но, истовремено треба да размислуваме и за иднината на нашите нови генерации, истакна Поцков.
Градоначаллникот Сашо Поцков на новороденчето му подари 10.000 денари од Општина Гевгелија и пригодни подароци. Инаку, годинава ова е трето новороденче во Општата болница во Гевгелија, првите две беа од Дојран и Богданци, што несомнено зборува дека во регионот годината почна радосно. Исто така, посебно значајно е што сите породувања се извршени во Општата болница во Гевгелија, која располага со доволно гинеколози и искуства. Притоа, се применуваат сите неопходни заштитни мерки и протоколи за панедмијата од Ковид 19.