Aдаптиран санитарен простор за лицата со телесен инвалидитет во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци
Заврши приспособувањето на просторот за
санитарна кабина и изградба на тоалет за лица со телесен инвалидитет во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци. За непречено извршување на физиолошките потреби на учениците со телесен инвалидитет, отворен е влез во санитарниот простор со потребната ширина, а околу елементите поставени се метални парапети.
Во текот на октомври, во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци беше изградена и пристапна рампа за пристап на лица со телесен инвалидитет. Со реконструкцијата на тоалетот и поставената рампа, во училиштето се создадени соодветни услови за децата со телесен инвалидитет непречено да ја следат наставата. Овие зафати се реализираа со сопствени средства од Буџетот на училиштето.
- Сите деца се исти, секој има право на образование, пристап до образовната институција и обезбедени услови за непречено функционирање во просторот. Децата се наша грижа, истакна директорот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, Жаклина Линкова, горда на тоа што училиштето ги исполнува критериумите за инклузивно образование.