Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 29 јануари
Советот на Општина Гевгелија, на 29 јануари, 2021 година,
ќе ја одржи својата 57 седница, на која ќе расправа за Предлог-програмите за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште и за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2021 година. Седницата на Советот ќе се одржи во Салата на хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 12 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, а членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во општина Гевгелија.
2. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија за 2021 година,
3. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2021 година,
4. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2021 година,
5. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2021 година,
6. Предлог-Програма за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2021 година,
7. Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Гевгелија,
8. Предлог-Одлука за позајмица на финансиски средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година за реализација на проектот AQUA-M,
9. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во Општина Гевгелија за 2020 година,
10. Предлог-Деловник на Партиципативното тело за урбанизам во Општина Гевгелија,
11. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2021 година,
12. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2021 година,
13. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2021 година,
14. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2021 година,
15. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2021 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2021 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2021 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2021 година,
19. Предлог-Решение за разрешување на член во Училишниот одбор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
20. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
21. Предлог-Решение за разрешување на член во Училишниот одбор на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
22. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
23. Предлог-Решение за разрешување на член во Училишниот одбор на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
24. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
25. Предлог-Решение за разрешување на член во Училишниот одбор на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
26. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
27. Предлог-Одлука за категоризација на училишен спортски објект при ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
28. Предлог-Решение за давање согласност на Програмата за работни активности на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2021 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2021 година.29. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2021 година.