Изминатата година, поднесени 22 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер
Во текот на 2020 година, до општина Гевгелија биле
поднесени 22 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Поднесените барања се однесуваа на разни прашања од работењето на локалната самоуправа како: систематизацијата на работните места, поставеноста на раководните кадри, броjот на донесени решенија за легализација, изградени канализациони мрежи, одржани јавни презентации и анкети за ДУП, одобрени средства за улично осветлување, доделени средства за НВО, бројот на одржани седници на Советот на Општината, стратешки планови, разни програми, преписки склучени договори за јавни набавки и сл.
Изминатата година, бидејќи државата ја зафати пандемијата од КОВИД-19 и предизвика економски последици во општината, неколку од примените барања се однесуваа за информации во врска со донесените мерки од страна на Општината за време на пандемијата. Надлежните општински служби на сите 22 поднесени барања за слободен пристап до информации одговориле позитивно.