Постигнати 6 согласности за експропријација
Заради изградба на комунална инфраструктура
во општина Гевгелија, надлежност на Oпштината е и поведување постапки за експропријација и воведување право на службеност на земјиште во приватна сопственост. На тој начин се обезбедуваат услови за реализација на Програмите за комунално уредување и за локални патишта и улици, односно изградба на општински патишта, улици, водоводни и канализациони линии. Имајќи предвид дека со експропријацијата се обезбедува земјиштето кое би било опфатено при изградбата на инфраструктурата.
Во текот на 2020 година, со Предлог за експропријација на општината поведени се 14 постапки за потполна експропријација за изградба на улици во градот. Притоа, пред надлежниот орган, потпишани се 6 спогодби за експропријација. За изградба на улиците: „Александар Бел“ во Мрзенци, „Апостол Петков“ во „Караорман“, „Кожуф“ во Гевгелија, како и крак на улицата „Александар Сингер“ во Станбен блок 4 во Гевгелија извршена е експропријација на земјиштето. Преостанатите започнати постапки треба да бидат завршени на почетокот од оваа година