Двојно зголемен бројот на решените урбанистички предмети
И покрај пандемијата со КОВИД-19, во текот на
минатата година во Одделението за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина на Општина Гевгелија двојно е зголемен бројот на поднесените и решените барања по разни основи, во споредба со претходната година. Во текот на 2020 година, од страна на граѓаните и правните субјекти до ова одделение биле поднесени 1.242 барања, а биле решени 1.239 предмети. Имено, во тековната година се решаваат и заостанатите предмети од претходната година, меѓу кои најголем број на заостанати предмети се поврзани со барањата за легализација на бесправните објекти.
Што се однесува до другите поднесени барања, најголемиот број се решени во законскиот рок. Така, минатата година биле поднесени 62 барање за одобрение за градба од кои 52 биле решени, со што е овозможена непречена реализација на проектите на инвеститорите. Во најчест случај, издадените одобренија за градба се однесуваат на изградба на станбени згради за домување и на инидивидуални станбени објекти.
Од поднесените 28 барања за поставување на урбана опрема, во минатата година биле решени 23. Инаку, сите барања за извод од урбанистичкиот план, како и другите поднесени барања за Е-катастар се целосно решени.
Притоа, треба да се има предвид дека Општина Гевгелија е меѓу првите општини кои ги применува електронското издавање на одобренија за градба и електронската комуникација со Агенцијата за катастар. Ваквото електронското работење значително влијаеше на ефикасноста и квалитетот на услугите кон граѓаните и правните субјекти. Истовремено, е обезбедена целосна транспарентност и непречена комуникација со граѓаните.