Во 2020 година, бројот на лица кои бараат работа се зголемил за 144%
До крајот на 2020 година, според статистиката на
Агенцијата за вработување- ПЕ Гевгелија за регионот што го покрива вклучувајќи ги и општините Богданци и Дојран, евидентирани се 2116 лица кои бараат работа. Од вкупната бројка, 200 лица се од Дојран, а 480 од Богданци, а останатите 1436 лица од Гевгелија. Споредбено со 2019 година кога бројот на невработени лица изнесувал 864, во 2020 бројот на лица кои бараат работа се зголемил за 144%.
Во оваа статистика се вбројуваат отпуштањата од услужната дејност бидејќи КОВИД-пандемијата предизвика сериозни економски последици и затворање на граничниот премин. Но, тука влегуваат и лицата кои тукушто завршиле средно или високо образование и се јавуваат како активни баратели за работа на пазарот на трудот.
Во Југоисточниот регион во кој влегуваат 10 општини, за календарската 2020 година, за разлика во 2019, бројот на невработени лица се зголемил 5559 лица или за 75%.