Во тек е изградба на тоалет за лица со попреченост во ООУ „Климент Охридски“- Миравци
Во ООУ „Климент Охридски“- Миравци, во тек е санација
на постоечките тоалети. Како што информираше директорот на училиштето, Васка Ефтимова, станува збор за замена на старите плочки со нови за да се подобрат хигиенско - санитарните услови. Исто така, во училиштето се работи и на изградба на нов тоалет за лица со попреченост, со цел да се надминат бариерите во образовната инклузија на децата со посебни потреби. За овие градежни активности се издвоени средства од Буџетот на училиштето.
Минатата година, во ПУ- Смоквица, при ООУ „Климент Охридски“- Миравци, комплетно се реконструираше санитарен јазол. Во рамки на реконструкцијата, беа поставени нова санитарна опрема и плочки, додека во Централното училиште се изврши замена на постоечката опрема.