Одржана инфо-средба на тема: „Што ли се тоа регионални средби за млади?“
Вчера, Центарот за поддршка (РЦОР)- Гевгелија
организираше кратка инфо-средба со преставници на граѓански организации и локални институции и млади од Гевгелија на тема „Што ли се тоа регионални средби за млади?“, активност- дел од проектот „Поддршка на изборни реформи во Република Северна Македонија“. Проектот се спроведува во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи и Националниот младински совет- Скопје.
На средбата, на учесниците им беа презентирани активностите предвидени во проектот и иницијативата „Преспа форум“ која е дел од Владата на РСМ и вклучува поддршка на процесот за формирање канцеларии за младинска соработка помеѓу МК-ГР, во кои ќе се реализираат активности и проекти овозможувајќи размена на искуства и поврзување на младите од двете земји.