Повторена јавна презентација и јавна анкета за ДУП, блок 12, плански период 2019-2024 општина Гевгелија
Општина Гевгелија организира повторена јавна презентација
и јавна анкета за Детален урбанистички план за општина Гевгелија, со разработка на блок 12, плански период 2019-2024 година. Јавната презентација со стручно презентирање на Деталниот урбанистички план за Гевгелија за блок 12, ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, на 5.2.2021 година (петок), со почеток во 12 часот, согласно мерките за заштита од Корона вирусот. Деталниот урбанистички план ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 5.2. до 12.2.2021 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Деталниот урбанистички план за блок 12, општина Гевгелија, зафаќа површина од 115,282 ха. Границата на опфатот е: од север е дефинирана по осовина на магистрална сообраќајница булевар „Гевгелија“ и продолжува на североисток по осовина на регионалниот патен правец Р 1102; од исток е дефинирана по осовина на регулирано речно корито на река Рауљ и продолжува по осовина на водотекот на коритото на реката Вардар, каде што во целост се совпаѓа со границата на планскиот опфат на ГУП Гевгелија 2011-2021; oд југ границата е дефинирана по осовината на водотекот на Сува Река; oд запад границата се движи по осовина на постојните сообраќајни улици „Железничка“ и ул. „Борис Кидрич“ и во пресечна точка се спојува со осовина на магистрална сообраќајница булевар „Гевгелија“. Во планскиот опфат се улиците: „Вардарски Рид“, „Железничка“, „Борис Кидрич“, како и неколку постојни асфалтирани улици и земјени патеки.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.