Гевгелија ќе добие 52 социјални стана до крајот на март, наредната година
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски,
заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски извршија увид во изградба на социјална зграда во Гевгелија. Инвестицијата е 80 милиони денари, се градат вкупно 52 стана, а според договорот зградата треба да биде завршена во март, 2022 година.
Директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, истакна дека покрај оваа зграда во постапка за изградба се уште четири нови згради во: Сарај, Кочани, Дебар и Пехчево.
- Преговараме со банката која го финансира овој проект за продолжување, односно да финанисра нов проект за изградба на нови социјални згарди во општините. Очекуваме некаде до средината на оваа година да имаме постигнато договор, изјави Кристијан Трајковски, директор на АДССДП.
За градоначалникот Сашо Поцков, сите инфраструктурни проекти се од огромно значење за развој на општина Гевгелија, како и за регионот.
Тој најави нови проекти во делот на реконструкција на улиците во општината и подобрување на комуналната мрежа. Дел од овие проекти ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за транспорт и врски, нагласи тој.