„Дарувај крв, спаси нечиј живот“- крводарителска акција во организација на Општина Гевгелија
Општина Гевгелија заедно со Одделението за
трансфузиона медицина- Гевгелија и во соработка со Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, на 11 февруари (четврток), 2021 година, организираат крводарителска акција „Дарувај крв, спаси нечиј живот“. Акцијата ќе се одржи во Малата сала на Народен театар во Гевгелија, од 09:00 до 14:00 ч. Општина Гевгелија ги поканува сите вработени во локалните институции, членовите на невладините организации и граѓаните од Гевгелија да ја потврдат својата хуманост и ја даруваат драгоцената течност.
На сите доброволци, пред дарувањето крв, ќе им биде извршена проверка на здравствената состојба. За секој крводарител е предвиден благороден појадок и симболично внимание од Одделението за трансфузиона медицина- Гевгелија и Општина Гевгелија. Согласно законските одредби, на крводарителите ќе им следуваат два слободни работни дена (на денот на дарувањето и наредниот ден).