Анкета за младите за вработеноста
Центарот за поддршка (РЦОР) - Гевгелија го спроведува
проектот „Поддршка на изборни реформи во Р.С. Македонија” во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Национален младински совет (НМСМ) Скопје. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и има за цел да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност.
Како дел од активностите на проектот е реализација на иновативна иницијатива која вклучува истражување за перцепцијата на младите на мерките за зголемување на младинската вработеност предвидени во „Програмата 2020-2024 година на Влада на РСМ“. Во рамки на истражувњето беше спроведена онлајн анкета во кои беа опфатени 113 испитаници на возраст од 16 до над 31-годишна возраст и истата имаше за цел да покаже колку младите се информирани за можностите кои им се нудат за нивно самовработување или градење на капацитети. Од добиените одговори на 113 испитаника се покажа дека 60,5%од испитаниците го пријавуваат својот статус во АВРСМ, 59,3 % не се доволно запознаени со мерките на АВРСМ, 59,3% имаат искористено од мерките и обуките на АВРСМ, од нив 24,8% се запознаени со мерката- Додаток на платата во висина од 3.000 денари за млади до 23 години што се или ќе бидат вработени во произвоствениот сектор, 32,7% запознаени се со мерката за претприемништво (социјално, женско, младинско) вклучувајќи мерки, повици за грантови, 46,9 се делумно информирани за можностите за искористување мерки и обуки за зголемување на младинско вработување и 55,8% сметаат дека можностите на младите за наоѓање работа се тешко возможни.
Овој проект, центарот го спроведува во Југоисточниот регион на земјата.