Изработени студии во рамки на проектот „Избери здраво - купувај локално"
Во текот на втората половина од 2020, ФЛОРИТ- Гевгелија
го имплементираше проектот „Избери здраво - купувај локално“, поддржан од страна на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и финансиран од “We effect”. Општата цел на проектот беше овозможување на услови за зголемување на приходите на малите фармери и привлекување на нови фармери преку воведување на иновации во земјоделството и руралниот развој. Ставањето во функција на интернет базираната платформа https://kupuvajlokalno.mk/ ги поттикна малите производители да ги објават производите и да продаваат онлајн.
Во рамки на проектот беа изработени две студии, односно Студија за утврдување на можностите за воспоставување на локални системи за храна и кратки синџири за снабдување на територијата на ЛАГ Бојмија како и Студија со препораки и можни решенија за постигнување одржливост на воспоставениот краток систем за снабдување со храна на територијата на ЛАГ Бојмија.
Студиите се објавени и електронски достапни на веб-страните http://bojmija.lag.mk/dokumenti и https://florit-gevgelija.eu/informativni-materijali/.