Советот на Општината лани одржал 16 седници
Во текот на 2020 година, Советот на Oпштина Гевгелија
одржа 16 седници, а тоа значи дека континуирано работеше преку цела година. На седниците беа предложени 258 најразлични акти од неговата надлежност, од кои 243 беа донесени. Од страна на Градоначалникот беа предложени 116 акти, од кои беа донесени 110, а 142 акти беа предложени од други предлагачи. Комисиите на Советот на Општината одржаа 83 седници, на кои беа разгледани 258 акти. Заедничка определба беше навременото донесување на предложените акти со цел да се обезбеди здравствена заштита на населението, функционирање и развој на локалната самоуправа.
Градоначалникот на општината редовно го информираше Советот за сите актуелни прашања, активности и проекти, кои директно влијаат за подобрување на услугите кон крајните корисници-граѓаните. Приоритет имаа активностите и преземените мерки на Општинскиот штаб за заштита и спасување, така што Советот на општината на неколку пати беше информиран за епидемиолошката состојба и преземените мерки.