Сообраќајна сигнализација според европски стандарди
Општина Гевгелија е една од ретките општини која е
покриена со сообраќајна вертикална сигнализација според современите европски стандарди. Подобрувањето на локалната улична мрежа ја следеше и соодветно сообраќајно обележување со што значително е зголемена безбедност во сообраќајот. Во текот на 2020 година, извршено е хоризонтално обележување во Гевгелија на сите такси-стојалишта и автобуски постројки, јавните паркинзи, местата за паркирање на лица со посебни потреби, како и пешачките премини и рабовите на кружните текови.
Минатата година, беа поставени нови модели на забавувачи на брзина, кои имаат двојна улога - да ја забавуваат брзината на возилата, но и да служат како пешачки премини. Покрај во Гевгелија, забавувачи на брзина беа поставени и во населените места: Богородица, Негорци и Миравци. Покрај хоризонталното обележување, истите се означени и со вертикална сигнализација.