Еко-акција во чест на Игор Мицев
Во чест на Игор Мицев, се одржа еко-акција
со садење на 38 дрвја во дворот на Детската градинка во Негорци. По иницијатива на неговите најблиски роднини, пријатели и сограѓани, во знак на сеќавање на прерано починатиот Игор, долгогодишен член на КУД „Негорци“, акцијата се спроведе во соработка со Општина Гевгелија, ЈПДК „Комуналец“ и ЈОУ ДГ „Детска радост“.
Покрај, роднините и пријателите, на акцијата учество земаа и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Тодор Ристов.
- Со денешната еко-акција по иницијатива на блиски роднини и пријатели, со садењето на 38 дрвца оддаваме почит за сите дела на Игор Мицев од Негорци, кој почина на 38 години. Општина Гевгелија со ваквите еколошки акции нема да застане тука, без разлика на поводот за организирање на истите, дали самоиницијативно или со одбележување на некој настан, бидејќи тоа е и нашата цел, модерна, зелена и европска Гевгелија, истакна Поцков во својата изјава на самата акција.