Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 26 февруари
Советот на Општина Гевгелија, на 26 февруари, 2021 година,
ќе ја одржи својата 58 седница. Седницата на Советот ќе се одржи во Салата на хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 12 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. На седницата, членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Програма за финансирање на програмите и проектите од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2021 година,
2. Предлог-Програма за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2021 година,
3. Предлог-Програма за финансирање на проекти, манифестации и значајни настани на месните заедници во општина Гевгелија за 2021 година,
4. Предлог-Програма за финансиска поддршка на НВО секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2021 година,
5. Предлог-Одлука за прием на донација од Германското друштво за интернационална соработа (ГИЗ), ЗЕЛС и „ПАКОМАК“- Скопје,
6. Предлог-Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Гевгелија,
7. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот од извршениот попис на побарувањата и обврските, паричните средства и хартиите од вредност во Општина Гевгелија, состојба на 31.12.2020 година,
8. Предлог-Одлука за ажурирање на процената за загрозеноста на подрачјето на општина Гевгелија од сите ризици и опасности,
9. Предлог-Решение за давање согласност на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2021 година,
10. Предлог-План за запишување ученици во прва година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во 2021/2022 година,
11. Предлог-Решение за усвојување на дополнувањето на финансовиот план - буџет на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2021 година за сметка 903 (блок-дотации),
12. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2020 година,
13. Предлог-Решение за усвојување на Програмата за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2021 година,
14. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија за 2020 година,
15. Предлог-Решение за усвојување на Програмата за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија за 2021 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2020 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на Програмата за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2021 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2020 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на Програмата за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2021 година,
20. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за јавната безбедност во општина Гевгелија за 2020 година,
21. Информација од РЦ за ГР „ЈУГ“ за состојбата со мигрантите во Привремениот транзитен центар „Винојуг“,
22. Информација за состојбата со здравствената заштита на населението во општина Гевгелија и состојбата со здравствениот кадар во ЈЗУ во општина Гевгелија,
23. Информација за работењето на АД за водостопанство на РМ - подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија.