Објавен огласот за пријавување реонски попишувачи и инструктори
Подготвителните активности за спроведување на
Пописот 2021 се интензивираат. По формирањето на Комисиите за пописни реони, денес (23.02.2021 година) објавен е и огласот за реонски попишувачи и инструктори. Општина Гевгелија и општина Дојран заедно формираат еден пописен реон – реонот 11. За успешно спроведување на пописот, во нашиот реон ќе бидат ангажирани 88 реонски попишувачи и 9 реонски инструктори.
Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи и инструктори својата намера да учествуваат во Пописот, од денес до недела (28.02.2021 година), треба ја иразат (да се пријават) исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на веб-страната на Државниот завод за статистика.
Реонски попишувач или инструктор може да биде секое полнолетно лице, државјанин на РС Македонија, со завршено минимум средно образование. Кандидатите за попишувачи и инструктори треба да бидат невработени лица и да знаат да работат на персонален компјутер.
Обврска на сите заинтересирани лица за попишувачи и инструктори во нашиот Пописен реон 11 (општините Гевгелија и Дојран) е во рокот од конкурсот (23 – 28.02.2021 година) да ја пополнат електронската пријава. Освен тоа, по пошта, во хартиена форма, исто така, до Државниот завод за статистика (ул. „Даме Груев“ бр.4, Скопје, п.фах 506) најдоцна до 01.03.2021 година да достават:
- Доказ за државјанство (фотокопија од лична карта или уверение за државјанство или важечка патна исправа);
- Доказ дека имаат завршено најмалку средно образование (фотокопија од свидетелство или уверение или диплома за завршено образование);
- Писмена изјава дека нема засновано работен однос (изјавата ја составува и со своерачен поптис ја потврдува самиот кандидат);
- Писмена изјава дека има познавање од работа со персонален комјутер (исто така, изјавата ја составува и со своерачен потпис ја потврдува самиот кандидат).
По завршување на рокот за пријавување по огласот, сите уредно пријавени кандидати ќе бидат тестирани (за да се проверат нивните познавања на општи работи од областа на статистиката и познавање на работа со комјутери), а најдобро рангираните ќе бидат ангажирани со Договор на дело (88 попишувачи и 9 инструктори за потребите на Комисијата за пописен реон 11).
Комисија за пописен реон 11- Гевгелија и Дојран