Општина Гевгелија не е надлежна за издавање дозволи за движење за време на забраната
На последната седница, Владата на РСМ донесе
одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда), до 22 март 2021 година (понеделник).
Што се однесува до издавањето дозволи за движење, Општина Гевгелија ги информира физичките и правните лица на подрачјето на општината дека не е надлежна за издавање дозволи за време на забраната за движење. Согласно, одлуката на Владата на РСМ, издавањето дозволи за време на забраната за движење го врши Министерството за информатичко општество и администрација преку преку порталот uslugi.gov.mk.
Претходно издадените дозволи од МИОА на граѓаните и економските оператори ќе продолжат да важат. Доколку во меѓувреме поседувачите ги изгубиле своите дозволи, МИОА ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ на неопходноста на тоа барање.
Економските оператори да го користат Образецот за издавање дозволи за време на забраната и посебниот режим за движење што беше користен за време на вондредната состојба, за потребите на своите вработени и за истото да го известуваат Државниот инспекторат за труд и Министерството за внатрешни работи.
Домашни и странски физички лица смеат да се движат само во итни сличаи заради здравствени причини до здравствени установи, исклучиво по претходна најава во Министерството за внатрешни работи, на телефонскиот број 192.
Одлуката за забрана за движење не важи за патниците коишто доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.
За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење, како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден до друг граничен премин.
Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштаат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна.
За дополнителните исклучоците во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата, доколку има потреба ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа.
Со оваа одлука на Владата се опфатени и сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација (карантин).
За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од африканскиот континент кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето изјава за транзитирање.