YOUTH WIKI платформата- презентирана на работилницата „Младински политики“
Нa 10 март, 2021 година, во просториите на хотел „Аполонија“,
во организација на Центар за поддршка (РЦОР) – Гевгелија, се одржа работилница на тема „Младински политики“. На Работилницата присуствуваа 15 учесници, млади, претставници на институции и НВО и од Гевгелија кои беа запознаени со YOUTH WIKI платформата, која содржи база на податоци за националните структури политики и активности за млади. Оваа платформа е креирана од страна на Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Евопската комисија. Освен тоа, учесниците се стекнаа со знаења за тоа што се младински политики, алатки за следење на младинските политики и преглед на националните и локалните младински политики кај нас.
Обуката се спроведе во соработка со Национален младински совет на Македонија како е дел од проектот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.