Објавен тендерот за реконструкција на дел од улицата „Методија Андонов Ченто“ во Мрзенци
Министерството за транспорт и врски го објави
тендерот за реконструкцијата на дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, во населеното место Мрзенци, општина Гевгелија, во должина од 839 метри. Реконструкцијата на улицата ќе се реализира со доделениот грант од МТВ во висина од 900.000 денари, наменети за проширување и подобрување на патната мрежа во општината кој треба да се искористи до 2024 година. Според објавениот тендер, реконструкцијата на оваа улица ќе се реализира во рок од 7 месеци од изборот и воведувањето во градежните работи од страна на избраните фирми.
Во рамките на проектот „Поврзување со локални патишта“ на МТВ, опфатени 35 локални улици во 21 општина и Град Скопје со вкупна должина од 35,5 километри и вредност од околу 7 милиони евра. Крајниот рок за доставување на понудите е 8 април, 2021 година. Тендерот е објавен на следниве линкови: http://mtc.gov.mk/ и https://www.e-nabavki.gov.mк.