Почна изградбата на улиците „Апостол Петков“ и „Павел Шатев“ во „Караорман“
Почна изградбата на дел од улицата „Апостол Петков“
и улицата „Павел Шатев“ во должина од 850 метри во станбената населба „Караорман“. Во првата фаза, градежната фирма „Еуроинг“ која даде најповолна понуда на тендерот, веќе работи на тампонирање на улиците, по што ќе уследи и асфалтирање на истите.
Со завршување на изведбените работи на улиците, жителите на станбената населба „Караорман“ добиваат комплетна патна и комунална инфраструкура. Комуналната инфраструктура беше пуштена во пресрет на Општинскиот празник- 7 Ноември, со која на жителите им се обезбеди вода за пиење и канализирање на отпадните води.
Како што е познато, беше изградена водоводна мрежа и пупмна станица за золемување на притисокот со средства од доделениот грант од Светска банка и дополнителни средства од Општина Гевгелија, како сопствено учество за целосна реализација на проектот. По обезбедувањето вода за пиење, Општина Гевгелија покрена акција за изградба на канализациона мрежа, за која беа издвоени средства од Општинскиот буџет.