Избрани реонските инструктори за Пописен реон 11
По извршеното тестирање на кандидатите за
попишувачи и инструктори за Пописниот реон 11, кое се одржа на 12 март, врз основа на резултатите од тестот, директорот на Државниот завод за статистика донесе Одлука за избор на реонски инструктори.
За спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 во реонот на подрачјата на општините Гевгелија и Дојран, предвидено е во Пописниот реон 11 да бидат ангажирани (88 попишувачи и) 9 реонски инструктори. На Јавниот конкурс имаше пријавено 43-ца кандидати кои изразиле интерес да бидат реонски инструктори. Врз основа на добиените бодови од тестирањето, за реонски инструктори се избрани 9 лица.
Во наредните денови, ќе се организира обука за избраните инструктори.
Во прилог, Одлука за избор на Реонски инструктори во Пописниот реон бр. 11 Гевгелија и Дојран.