ФЛОРИТ со брошура за водата, пестицидите и нивната правилна употреба
По повод Светскиот ден на водите,
Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија ја објави брошурата „Водата, пестицидите и нивната правилна употреба“ која е изработена во рамки на проектот „Одржливо управување со прекуграничните водни ресурси - AQUA - M II“, којшто го имплементираат Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“, а во партнерство со Универзитетот „Аристотел“ од Солун- Катедра за хемија, како и комуналните претпријатија од Пеонија и Халкидона.
Во брошурата можат да се најдат информации за начините на загадувањето и контаминирањето на водата; заштита на водата според рамковната директива за вода; ефектите на пестицидите врз луѓето, природата и водата; како и правилна употреба на земјоделските пестициди. На крај, се дадени практични упатства за употреба на пестициди. Инаку, проектот AQUA - M II е финансиран од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014 - 2020, а главна активност на Општина Гевгелија е санација на речното корито на Конска Река.