Повторена јавна презентација и јавна анкета за ДУП, Блок 12, општина Гевгелија, плански период 2019-2024
Општина Гевгелија организира повторена јавна презентација
и јавна анкета за Детатален- Урбанистички план, за Блок 12, општина Гевгелија, плански период 2019-2024 година. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар, на 7.4.2021 година (среда), со почеток во 12 часот, согласно мерките за заштита од Корона вирусот. Деталниот-Урбанистички план за Блок 12, општина Гевгелија, плански период 2019-2024 година ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 4.4. до 14.4.2021 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Деталниот-Урбанистички за Блок 12, општина Гевгелија, плански период 2019-2024 зафаќа површина од 115,282 ха. Предметниот плански опфат е дефиниран со следните граници:
- од север е дефинирана по осовина на магистрална сообраќајница булевар „Гевгелија“ и продолжува на североисток по осовина на регионалниот патен правец Р 1102;
- од исток е дефинирана по осовина на регулирано речно корито на река „Рауљ“ и продолжува по осовина на водотекот на коритото на реката Вардар, кадешто во целост се совпаѓа со границата на планскиот опфат на ГУП Гевгелија 2011-2021;
- од jуг границата е дефинирана по осовината на водотекот на Сува Река;
- од запад границата се движи по осовина на постојните сообраќајни улици „Железничка“ и ул. „Борис Кидрич“ и во пресечна точка се спојува со осовина на магистрална сообраќајница бул.„Гевгелија“.
Во планскиот опфат се ул: „Вардарски Рид“, „Железничка“, „Борис Кидрич“, како и неколку постојни асфалтирани улици и земјени патеки.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.