Збогатена информативна и туристичка понуда
Локалната акција група БОЈМИЈА која дејствува на
териториите на општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран, преку проектот „Интегрирана информативна и туристичка понуда на територијата на ЛАГ Бојмија” придонесе за збогатување на туристичката и информативната понуда во регионот. Проектот финансиски е поддржан од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и општините од територијата на ЛАГ-от. Негова цел е овозможување на брз и ефикасен преглед на потенцијалните можности во различни области од ЛАГ територијата.
За таа цел, во секоја од четирите општини се поставени информативни табли кои ќе го промовираат ЛАГ Бојмија и ќе ја зголемат општата и туристичка информираност на посетителите. Информативните табли се лоцирани на најфреквентните места на четирите општини Богданци, Валандово, Гевгелија и Дојран кои ја формираат територијата на ЛАГ Бојмија. Истите служат за информирање и промовирање на партнерството помеѓу овие општини на микрорегионално ниво и европските вредности прифатени со имплементација на ЛЕАДЕР пристапот.
Преку андроид апликацијата, чиј QR код е поставен на информативните табли ќе се зголеми општата и туристичката информираност за микрорегионот кој го опфаќа ЛАГ Бојмија. Истовремено, ќе се овозможи брз и ефикасен преглед на потенцијалните можности за развој на туризмот во различни области од ЛАГ-от. Во рамките на проектот, чии активности ги координира ФЛОРИТ-Гевгелија, реализирани се онлајн- состаноци, информирање преку социјалните мрежи и печатениот рекламен материја, кои предизвикаа заинтересираност кај локалните жители во микрорегионот. Во прв ред, да се запознаат поблиску со термините Локална акциска група, ЛЕАДЕР, Локална стратегија за развој базирана на територија. На овој начин се здобија со информации, а и можности и самите да земат што повеќе учество во самиот процес, да бидат и дел од процесот на имплементација на Стратегијата, како и да учествуваат во нејзино градење и проширување.