Издавање дозвола за движење на нерегистрирани земјоделци/сточари во Општина Гевгелија
Општина Гевгелија ги известува сите граѓани
кои обавуваат земјоделска дејност и одгледуваат стока и живина во атарите на населените места, а не се регистрирани земјоделци дека за издавањето дозволи за движење за време на полицискиот час е надлежен Општинскиот штаб за заштита и спасување. За стекнување на дозволата, нерегистрираниот земјоделец/сточар треба да пополни и поднесе барање до Општина Гевгелија кое содржи податоци за име и презиме на лицето, адреса на живеење, каков вид дејност обавува и назив на местото каде што дејноста ја обавува. Барањeто може да се подигне на шалтерот во Општина Гевгелија или истото да се најде на следниот линк:
Барање за издавање дозвола за движење на нерегистрирани земјоделци/сточари
Дозволата за движење се издава само поради неопходно вршење на работните задачи, каде што движењето на лицето е од местото на живеење до местото каде се обавува земјоделската/сточарската дејност. Дозволата не важи за движење на други места.
Повеќе информации, нерегистрираните земјодалци/сточари можат да добијат преку повик на дежурните телефони во Oпштина Гевгелија 034/216-899 и 034/611-373 и тоа секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Регистрираните индивидуални земјоделци дозволите за движење до зелените пазари ќе ги обезбедуваат преку алатката за давање на дозволи од Министерството за информатичко општество и администрација, преку овластени лица од МЗШВ.